Новости

Битола инфо

(Видео) Свечена литија во Битола во чест на заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски

Со литија низ улиците на Битола, битолчани денес го одбележаа празникот посветен на заштитникот на градот Битола, Преподобен Свети Нектариј Битолски. Литијата со моштите на Свети Агатангел Битолски започна после Божествената Литургија од дворот на храмот „Свети Великомаченик Димитриј“ покрај Библиотеката, преку Широк Сокак, до плоштадот Магнолија и повторно во храмот.

Денешниот празник на битолчани им го честитаа Владиката Петар и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска упатувајќи пораки до сите.
Свети Нектариј Битолски како патрон на градот Битола организирано се прославува од 2008 година од страна на Општина Битола и Преспанско-пелагониската епархија. Одлуката за прогласување на Свети Нектариј Битолски за заштитник на градот е донесена од страна на Советот на општина Битола во 2008 година и од тогаш, секоја година традиционално со низа програмски активности се одбележува 18. декември денот на светецот заштитник.

GOLD
To Top