Новости

Битола инфо

Викендов во Битола ќе се одржи „СФЕСТ“

‘’СФЕСТ’’ е мултидимензионален уметнички проект чија цел е да ја подигне свеста на граѓаните во Битола за еколошката состојба на нашата животна средина, да промовира чиста животна средина, рециклирање и апциклирање, со користење на различни медиуми како различни творечки работилници и музиката како уште еден вид на алатка за пренесување на нашата порака и зближување на граѓаните кои ја поддржуваат. Идејата за овај настан доаѓа од организациите и Сфера Македонија и GREEN , кои што се активни и работат на организирање на работилници и настани со различна тематика наменети за сите граѓани на Битола.

Во рамките на ‘’СФЕСТ’’ во просториите на НУ Центар за култура – Битола, во перидот од 09 – 11 ноември 2018 ќе бидат организирани работилници од македонски и странски уметници, цртање на графити, изложба на фотографии и музички настапи.

 

GOLD
To Top