Новости

Битола инфо

Викендов контролирани 1284 возачи во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа, контролирани се 1284 возачи, од кои 32 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 22 возила, седум возачи не користеле сигурносен појас, а дозволената брзина ја надминале 95 возачи. Под дејство на алкохол биле пет возачи, а четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото.

GOLD
To Top