Новости

Битола инфо

Викендот во Битола: Казнети возачи поради голема брзина, мобилен телефон..

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас.

Притоа, контролирани се 789 возачи, од кои 14 возачи ја пречекориле дозволената брзина, девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 11 возила , двајца возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото, а четири возачи не користеле сигурносен појас.

GOLD
To Top