Новости

Битола инфо

Викенд контрола на СВР Битола – 12 возачи возеле без дозвола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола за време на викендот 10/11/12 јануари 2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека седум возачи биле под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, осум возила биле нерегистрирани, 12 возачи не поседувале возачка дозвола, пет возачи не користеле сигурносен појас. За сите неправилности издадени се соодветни налози.

GOLD
To Top