Новости

Битола инфо

Викенд контрола на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола во периодот од 24 до 26 јануари 2020 извршиле контрола за алкохол, брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале нерегистрирани возила, кај 12 возачи констатирано е присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, тројца возачи разговарале на мобилен телефон додека управувале возило, 15 возачи не поседувале возачка дозвола, 19 возачи ја надминале максималната дозволена брзина, а 10 возачи не користеле сигурносен појас. За сите неправилности се издадени соодветни налози.

GOLD
To Top