Новости

Битола инфо

Висока загаденост синоќа во Битола – на полноќ измерени 481,21 mg/m3

ПЛАТФОРМА ЗЕМИ ЗДИВ синоќа во Битола регистрираше висока концентрација на ПМ10 на моментално единствената државна мерна станица Битола 1 со вредност од 481,21 mg/m3 во 00:00 часот. На линкот и фотографиите се вредностите кои беа регистрирани во релативно краток временски период и има повеќе причини за тоа за кои се надеваме дека ќе добиеме одговор од надлежните служби, велат од платформата.
http://air.moepp.gov.mk/…

Од „Земи здив„ велат:

„Според нас, причините може да бидат следни:
– локален загадувач во близина на мерната станица, бидејќи има одредено покачување после 17:00 часот, па ублажување и нагли пораст во 00:00 часот со достигнување на максимумот.
– пожар во близина на мерната станица кој може да предизвика нагло покачување на концентрациите.
– проблем со инструментите на мерната станица, бидејќи вакво нагло зголемување на вредноста точно во 00:00 часот може да биде сигнал за проверка и сервис на мерната станица. Слична ситуација имавме пред да се исклучи мерната станица Битола 2 од мрежата за мониторинг на воздухот на 18.03.2019 година.

Што се однесува до податоците кои ги регистрира нашата мрежа на сензори, ваквото нагло зголемување на концентрациите на ПМ10 не беа регистрирани во текот на ноќта. Битно е да се напомене дека максималниот домет на еден сензор е во дијаметар од 1 km. Моментално најблиските локации во кои имаме инсталирано наши сензори се Јени маале (оддалеченост од 2,1 km) и Баир (оддалеченост од 1,9 km) и од тие причини не можеме да добиеме квалитетни податоци за таа локација на станицата Битола. Заради тоа ни е потребна густа мрежа од сензори на целата територија на градот со која ќе биде покриена секоја локација која ќе биде предмет на анализа. Се надеваме дека наскоро ќе поставиме сензор во близина на мерната станица Битола 1 и ќе можеме да ги споредуваме податоците.

Доколку имаше општо влошување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола, ветерот ќе предизвикаше секундарни емисии во областите каде што имаме инсталирано наши сензори, а тоа е аргумент повеќе дека најверојатно станува збор за локален загадувач во близина на мерната станица Битола 1.“

GOLD
To Top