Новости

Битола инфо

Вкупниот број на заболени од грип во Битола изминатата недела изнесувал 478 заболени лица

Од Центарот за јавно здравје Битола информираат за состојбата со грип во Битола заклучно со 08 ма недела 2020 година.

Пријавувањето на грип преку групна пријава на грип започнува од 40 недела до 20 недела следната година.

Во Битола од 40 та до 08 недела има пријавено 1036 лица со клиничка слика на грип.

Вкупниот број на заболени во Битола во 8 ма недела (од 17.02. до 23.02) изнесува 478 заболени лица, а регистрираната инциденца изнесува 472 на 100 000 жители. Согласно овие податоци активноста на вирусот на грип е над неделната граница на многу висока активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот (Moving Epidemic Method) за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип.

На ниво на држава, заклучно со 7 ма недела (до 16.02.2020), во сезоната 2019/2020, вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 16.417 (I=793,4/100.000). Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=9.411), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 74,4%, а во однос на моделот од последните 9 сезони (n=16.299) се регистрира зголемување од 0,7%.

Регистрираната инциденца за 7 ма недела во С. Македонија е над неделната граница на висока активност на вирусот на грип.

За сезоната 2019/2020, Министерството за здравство набави бесплатна четиривалентна вакцина наменети за приоритетни групи население: за деца на возраст од 6 месеци до 5 години, за лица над 65 годишна возраст, лица со хронични заболувања и бремени жени во било кој период од бременоста, како и за здравствени работници. Дополнителни дози вакцини се набавени од страна на Центар за јавно здравје-Битола, како комерцијални вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи.

На територијата на Центар за јавно здравје- Битола, оваа сезона вакцинирани се над 5300 лица.

Со цел заштита од грип се препорачува вакцинација како најефикасна мерка за заштита, избегнување на контакт со лица заболени од грип, одржување на хигиена на раце, како и избегнување на јавни настани со цел спречување на заболувањето.

GOLD
To Top