Новости

Битола инфо

Владата одвои пари за ентериерно уредување на киното Манаки

Владата на вчерашната седница ја усвои програмата за реализација на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, Изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен центар „Шота“ с. Неготино, Општина Врапчиште, за ентериерно уредување на објект „Кино Манаки“ – Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.

GOLD
To Top