Новости

Битола инфо

Во Битола одбележан Денот на формирањето на Црвениот крст на РМ и денот на крводарителството

По повод 17 март, денот на формирањето на Црвениот крст на РМ и денот на крводарителството, на плоштадот „Магнолија“ се одржа театарскиот перформанс „Приказна за една идеја“.

Преку получасовен приказ за крвавата битка кај Солферино, која и го инспирирала швајцарецот Анри Динан, како сведок на истата, да ја зачне идејата за основање на Црвениот крст како меѓународна организација, беа одбележани 74 години од Црвениот крст на Република Македонија и 24 години од полноправното членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

На настанот присуствуваше и генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити, а по одржувањето на перформансот, присутните се упатија во фоајето на Народниот театар, каде се одвиваше крводарителска акција. Околу 150 хумани сограѓани, во рамките на неколку часа даруваа крв, а меѓу нив и градоначалничката Петровска, со цел да спасат нечиј живот и да ја искажат својата хуманост.

Евротип
SNBROKER
To Top