Новости

Битола инфо

Во Битола одбележан Европскиот ден на јазиците

Здружението за македонско-германско пријателство Битола во соработка со НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола организираше презентација и работилница по повод „Денот на европските јазици“.

На три различни места ученици имаа можност на креативен начин да се запознаат со изучување на англискиот, германскиот и францускиот јазик. Учениците кои успешно ги поминаа јазичните вежбите се стекнаа со јазичен пасош.

ШТО Е ЕВРОПСКИОТ ДЕН НА ЈАЗИЦИТЕ?

Европската Година на Јазици во 2001, настан организиран заеднички од страна на Советот на Европа и Европската Унија, беше успешен во вклучувањето на милиони луѓе од 47 земји-учеснички. Целта на активностите беше да се прослави во име на јазичните разлики во Европа и да се промовира учењето на јазици.
Следејќи го успехот на тај настан, Советот на Европа го прогласи Европскиот Ден на Јазиците секоја година да се слави на 26 септември. Општите цели на Европскиот Ден на Јазиците се:
Известување на јавноста за важноста на учењето на јазици и проширување на листата на изучени јазици со цел да се зголеми плурилингуализмот и меѓукултурното разбирање;
Промовирање на богатата јазична и културна разноликост на Европа, која мора да се чува и негува;
Поттикнување на доживотното учење јазици во и надвор од училиштата, дали за студирање, за професионални потреби или за задоволство и размена.
На 26 Септември 2011 година се одбележа 10-годишнината од Европскиот Ден на Јазиците (EДЈ) која се прослави во Советот на Европа и низ своите 47 земји-членки.

GOLD
To Top