Новости

Битола инфо

Во Битола притворени тројца прилепчани за продажба на дрога

Битолската полиција во соработка со инспектори од УЈП, синоќа во 3.30 часот при контрола во угостителски објект на улица “Македонски гемиџии” во Битола, легитимирале 15 лица и од слобода лишиле три лица поради сoмнение за кривично неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Од слобода се лишени лицата Ф.А.(33), Ф.И.(20) и В.И.(28) сите од Прилеп. При контролата кај лицата е пронајдена една најлонска паковка со грутчеста материја која со потврда е одземена од Ф.А. и дадена за вештачење, соопшти МВР.

GOLD
To Top