Новости

Битола инфо

Во Битола се одбележа Денот на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Секојдневно слушаме за сообраќајна незгода, сообраќајна несреќа, за судбина… за недостаток на свест и одговорност, слушаме за лоши возачи, лоши закони или за лоша инфраструктура……слушаме од сѐ по нешто, а впрочем епилогот е многу загубени човечки животи, голем број на лица со трајни телесни повреди, уништени семејства и голема материјална загуба….

Овој ден, ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕ традиционално се одбележува на ТРЕТАТА НЕДЕЛА од месец НОЕМВРИ и има долга историја. Започнува во 1995.та година како Европски ден, во 2000.та година веќе прераснува во Светски ден, за да во 2005.та година биде и официјално усвоен од страна на Генералното Собрание на ООН.

Во Република Македонија, на годишно ниво, животот го губат околу 160 лица, а повеќе од 6000 лица се повредени.

За волја на вистината, ова е глобален проблем. Светската здравствена организација ги препознава сообраќајните незгоди како еден од главните фактори за загрозување на здравјето кај граѓаните. Според „АГЕНДАТА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ 2030, сообраќајните незгоди претставуваат трета причина за смртност кај децата на возраст од 5 до 9 години, втора причина за смртност кај децата на возраст од 10 до 14 години и кај младите на возраст од 20 до 24 години, а прва причина за смртност кај децата на возраст од 15 до 19 години.

Податоците за бројот на жртви и бројот на повредени во сообраќајни незгоди мора да ги прифатиме како облак од аргументи за да и Битола, а и Македонија воопшто, прифати и да започнеме да работиме кон постигнување на веќе поставената ЦЕЛ на АГЕНДАТА 2020/2030 за намалување на бројот на сообраќајни незгоди за 50% до 2030 година.

„ОСБСП Битола веќе 6 месеци низ своите кампањи, акции и работилници интензивно се залага за подобрување на безбедноста на сообраќајот на локално ниво, на начин согласно ингеренциите и расположивите ресурси. Имаме обемна програма за 2019 година која ја разгледа и усвои Советот на општина Битола, а Наша водечка идеја е интеграција на институции од јавниот, приватниот, граѓанскиот и експертски сектор, и со еден повеќесекторски и мултидисциплинарен пристап да дојдеме до корисни решенија за прашањата поврзани со безбедноста на сообраќајот во Битола, вели претседателот на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, д-р Јасмина Буневска Талевска.

.

Денешното сеќавање го посветивме и на Ѓорѓи Стефановски поранешен член на Здружението на мотоциклисти Битола, во чија чест Здружението прифати да потпише ДОГОВОР за соработка со ОСБСПБитола на полето на креирање на МОТОРЦИКЛИСТИЧКИ КОДЕКС што е и една од ПРЕПОРАКИТЕ кои овој Совет веќе ги достави до Градоначалникот и советот на општина Битола и веруваме дека во иднина голем дел од препораките ќе бидат дел од развојниот план и програма на локалната самоуправа.

Ќе се согласите дека не смееме да дозволиме да не совлада фатализмот и верувањето дека сообраќајните незгоди се непредвидливи. Напротив, сообраќајните  незгоди се предвидливи, бидејќи тие се зголемуваат со зголемување на бројот на моторни возила на патиштата, а можат да се намалат со низа превентивни и регулативни мерки, низ образовниот процес, обуките и со добра и безбедна инфраструктура.

Од тука, јасна е и пораката и потребата од соработка на Општинскиот Советот за безбедност, со Секторот за внатрешни работи Битола и со образовните институции.

Остваруваме добра меѓусебна соработка со Училишната Сообраќајна Единица-УСЕ при СОУ Таки Даскало Битола, која на 19.ти Ноември прослави 30 години од формирањето, па оваа година и одбележувањето на нивниот јубилеј го ставивме во функција на одбележувањето на Светскиот Ден на жртвите од сообраќајни незгоди.

Денешната тематска изложба е дело на вредните рачиња на учениците од општинските основни училишта ООУ Коле Канински, ООУ Гоце Делчев, и ликовната секција на ООУ Даме Груев под раководство на проф.Весна Дунимаглоска, за што им сме исклучително благодарни и навистина го збогатија денешното сеќавање. Заедно со НУУБиблиотека одлучивме со пригодни подароци и дипломи да ги наградиме 9-те најдобри ликовни творби.

Мотото и пораката која се испраќа оваа година е многу силна и гласи: ,,Улиците и патиштата имаат приказна”.

Со испраќање на 20 црни балони кон височините заедно со учениците од УСЕ облечени во црни маички подарок од Здружението на моторциклисти Ѓорѓи Стефановски уште еднаш сеќавајќи се на Ѓорѓи и сите жртви испраќаме апел до надлежни институции и до секој учесник во сообраќајот да покажат повисоко ниво на свесност, одговорност и будност во сообраќајот…..„за да патувањата имаат среќен крај“…

 

 

GOLD
GoldSlot
To Top