Новости

Битола инфо

Во Битола се одбележа Европската недела за тестирање Хепатитис и ХИВ

Хепар Центар Битола по седми  пат е дел од европското  одбележување на Европска недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ. Секоја година 1,4 милиони луѓе во светот умираат од вирусен хепатит, но сите овие смртни случаи можат да се спречат. Со подобра свест и разбирање може да се спречи хепатитисот и да се елиминира оваа болест со што ќе се спасат 4.000 животи на ден. Токму затоа, во насока на превенција и спречување на ширењето на хепатитот е и Европската недела за тестирање, која ќе се одбележи од 22-29 ноември. Во одбележувањето беа вклучени и средношколци од Битола.

-Бидејќи влегуваат во еден период од својот живот каде недоволното информирање ги сместува во една  ризична група која го осознава животот и проблемите кои ги носат предизвиците на 21 век, а со самото тоа и модерните инфективни заболувања Хепатитот и ХИВ.

Според статистиките кои ги имаат, најмалку 20.000 луѓе во Македонија го имаат ова заболување.

-Во Македонија е зголемен бројот на луѓе кои имаат проблем со карцином и цироза на црниот дроб, само последната година имавме 10-12 луѓе кои имаа потреба од трансплантација на црниот дроб. Имавме луѓе кои беа пред самата трансплантација, така еден веќе го изгубивме, млад дечко кој имаше триесет и нешто години, скоро во брак со две мали деца. Порастот се должи на тоа што превентивата е изоставена во голем дел од здравствените институции во Македонија, бараме што повеќе да се вклучат што повеќе во делот на превентива. Знаеме дека ако не ги лечиме и ако не ги третираме заболемните, тие се опасност во иднина да го шират тоа, изјави Милан Мишковиќ, Хепар Центар Битола.

Апелираат до Министерствотоза здравство,  терапијата за хепатит што побрзо да стане достапна за заболените.

-Апелираме оваа терапија да биде што побргу присутна во Македонија, што поголем број луѓе да ја примат. А за хепатит Б малку е апсурдна ситуацијата, бидејќи станува збор за евтина терапија, која се уште не е на позитивната листа. Се работи за антивирусна терапија која едноставно го одржува вирусот до крајот на животот, не се работи за скапа терапија, не знам зошто се уште, заради некакви бирократски ситуации се уште не е ставена на таа позитивна листа. Беше ветено до крајот на годината наводно, но се надевам дека тоа ќе биде забрзано бидејќи имаме луѓе кои треба итно да ја примат терапијата, бидејќи станува збор за луѓе каде ако не ја примат треба да интервенираме во делот на трансплантација, вели Мишковиќ.

Европската недела на тестирање е европска кампања што ги охрабрува партнерските организации – во заедницата, здравствените институции и политичките институции ширум Европа да се обединат една недела, двапати годишно за да ги зголемат напорите за тестирање и да промовираат свесност за придобивките од навременото тестирање за хепатитис и ХИВ.

GOLD
To Top