Новости

Битола инфо

Во Битола се одбележува Светскиот ден за превенција на детската злоупотреба и Светскиот ден на детето

Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола по 16. пат ги одбележува двата значајни датума за децата. 19. ноември – Светски ден за превенција на детската злоупотреба и 20. ноември – Меѓународниот ден на детето.

Оваа година, 137 организации од сите континенти на светот кампањата ја реализираат под мотото „19 дена активизам за превенција од насилство врз децата и младите 1-19 ноември“, кон нив се приклучува и нашата организација, истакна Сашо Кочанковски, претседател на Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола.

– Како дел од големата светска граѓанска коалиција, директно придонесувама за да се подигне свесноста за зависноста и злоупотребата на дрогите кај децата и младите, опасностите користењето на информативните и комуникациски технологии, жртви на трговија со деца, детска проституција и детска порнографија, со цел таа да се сфати како еден универзален и алармантен проблем, нагласувајќи ја важноста на превентивните мерки на локално, национално и меѓународно ниво, посочи Кочанковски.

Централниот настан во Битола ќе се одржи попладнево од 17 часот во големата сала на Битолскиот театар, информираа од Центарот за човекови права „АМОС“ – Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top