Новости

Битола инфо

Во Битола се одржа прв Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО

Со проекција на реставрираниот филм „Еден посебен ден“ на славниот италијански режисер Еторе Сколе во соработка со Националната филмска архива CSC од Рим, започна Првиот Форум на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО на тема: Улогата на иновациите и едукацијата во локалниот развој на градовите. Форумот е од особено значење за афирмирање на можностите на Битола и воопшто на нашата држава и поврзување и зголемување на соработката со другите градови.

-Ние сметаме дека Битола има голем капацитет да се развива како голем филмски град, се надеваме дека со соработка помеѓу градовите повеќе идеи ќе се развиваат и повеќе филмови ќе се снимаат. Битола е познат филмски град, тука се снимани повеќе светски, европски, балкански филмови, рече Весна Ристовска од Здружението „Центар за филм“ Битола кое е организатор на форумот.

Битола e рамноправен член на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО од 2015 и еден од 13-те градови кои се дел од овој филмски кластер на УНЕСКО, е единствен од државата и еден од ретките од регионот.

-2015 година по препорака на УНИКА и наша, и затоа што се оргнизира и големиот фестовал „Браќа Манаки“ се донесе одлука да градот Битола биде под заштита на УНЕСКО, како град на филмската култура и уметност истакна Стефан Хаџиантоновски од Кино клубот „Милтон Манаки“.

На форумот беа присутни високи претставници на креативните градови за филм од мрежата на УНЕСКО – Брадфорд, Лоѓ, Бристол, Галвеј, Рим и Софија.

-Се покажа дека дури и кога имало економска криза, филмската индустрија е еден од трите сектори во Бугарија кој има непрекинат економски раст, има странски инвестиции, вработеноста расте и тоа е всушност големата полза, може да ја наречеме Софија креативен град на киното и град на креативната економија, изјави Дијана Андреева, Директор на Опсерваторија за културна економија, Бугарија.

Рим како филмски град е насочен кон проекти наменети за младите.

-Проект во кој млади монтажери склопуваат слики од класичните филмови со модерни видеа снимени на мобилен телефон и тоа придонесува кон поинаков поглед на нешатата и развивање на друг вид проекти во рамките на градот, изјави Мариа Колети, Национална Филмска Архива, Италија.

GOLD
To Top