Новости

Битола инфо

Во Битола се одржа регионалниот Детски семафор 2018

Детски СЕМАФОР и Сообраќајно-техничка култура на млади се сообраќајно-воспитни манифестации со натпреварувачки карактер кои традиционално се одржуваат во нашиот град во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола, под покровителство на Градоначалникот на Општина Битола и Претседателот на Совет на Општина Битола.

Оваа година учествуваа вкупно 80 натпреварувачи од 14 основни училишта, а  ООУ Д-р Трифун Пановски се истакна со најдобри резултати во скоро сите категории.

„Натпреварите имаат основна цел учениците преку континуираната подгоровка да ги совладаат основните правила и прописи во сообраќајот и да практицираат способност за вешто управување на велосипед, а лично сметам дека на овој начин ќе стекнат добри сообраќајни навики кои ќе ги направат добри возачи во иднина. Во овој момент морам да ја нагласам и да се заблагодарам на помошта и поддршката од СВР Битола, Технички факултет Битола кој ги става на располагање полигонот и компјутерските лаборатории, Народна Техника – регионален центар Битола без чии реквизити неможе да се опреми полигонот, ЈП Комуналец Битола, Црвен крст Битола, Училишната сообраќајна единица од СОУ Таки Даскало Битола и други. Им посакуваме многу успех на Државниот натпревар во Скопје на 19.05.2018 г.“, истакна д-р Јасмина Буневска Талевска, претседател на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Битола.

GOLD
SN Finansii
To Top