Новости

Битола инфо

Во Битола се отвора изложбата „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“

Денеска во Битола свечено се отвора 44-то издание на Државната изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ во Фоајето на НУ Центар за култура – Битола.

Во рамките на 43-та Државна изложба на детски ликовни творби на тема „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ се експонирани 64 колекции со 630 детски творби. Жири комисијата додели две Специјални награди за континуирано четири пати по ред добиена награда за најдобра колекција,единаесет рамноправни награди за најдобри колекции и 36 поединечни награди за најуспешни ликовни творби на изложбата.

Во рамките на Каталогот на 44-та изложба, покрај податоците за учесниците и наградените , поместени се и податоци за учесниците на четвртата по ред Детска ликовна работилница на тема „Народната култура – трајна инспирација во моето творештво“ која што се одржа на 26 и 27 јули 2018 година во Битола.

Евротип
SNBROKER
To Top