Новости

Битола инфо

Во Битола ќе се снима филмот „Сирена во Париз“ – потребни се статисти од 18 до 70 години

Продукцијата “Сестри и брат Митевски”, во Битола ќе го снима филмот „Сирена во Париз“ и има потреба од статисти.

-Сите заинтересирани, од 18 до 70 години, се поканети на аудицијата што ќе се оддржи на 14 август (среда) од 12 до 15 часот во просториите на Домот на култура – Битола (Мала сала), велат од продукцијата.

Се работи за филм на белгиски копродуцент, кој минатата година снимаше филм во Македонија.

-Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, а потоа во Скопје. Успехот на македонскиот филм последна година е фантастичен, покажуваме дека сме квалитетна продукција и можеме да доведеме квалитетни филмски работници, најави продуцентката Лабина Митевска од продукцијата „Сестри и брат Митевски“, која е дел од копродукцијата на филмот.

GOLD
To Top