Новости

Битола инфо

Во битолската болница се одржа стручен состанок на тема „Карцином на града – современ хирушки пристап“

Во рамките на континуираната медицинска едукација Здружението на лекари од Битола во соработка со Менаџерскиот тим на Клиничка Болница Битола организира стручен состанок на тема “КАРЦИНОМ НА ГРАДА -СОВРЕМЕН ХИРУШКИ ПРИСТАП “. Поканет беше предавач Проф. д-р. Ѓултекин Озан Кучук од Медицинскиот Факултет Истанбул, Република Турција. Состанокот беше акредитиран од Лекарската Комора на Северна Македонија. Покрај новините во хирушкиот третман на карциномите на дојка се истакна комплексноста на болеста,поврзаноста на начинот на пристап кон лекувањето со социо-економската состојба на пациентот ,психофизичката состојба како и важноста на биолошкото однесување на туморските клетки воопшто.

Предавањето беше посетено од лекарите специјалисти при Клиничка Болница Битола хирурзи,гинеколози,и анестезиолози,лекари од општа пракса ,млади лекари кои треба да заминат на специјализација. Соработката ќе продолжи и понатаму, истакна Сузана Конеска, портпарол на Клиничка болница Битола.

GOLD
To Top