Новости

Битола инфо

Во битолско излетал автомобил – возачот со тешки повреди

На 17.08.2019 во 23,28 часот било пријавено дека на патот за с.Егри-битолско патничко моторно возило „Опел астра“, со битолски регистарски ознаки управувано од Б.М.(58) од Битола излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во Клиничката болница во Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top