Новости

Битола инфо

Во понеделник вонредна седница за донација во ЦЈЗ Битола за доопремување лабораторија за дијагностика на Ковид 19

На ден 11 мај (понеделник), со почеток во 10.00 часот, ќе се одржи Вонредна седница на Советот на општината Битола.

Седницата ќе се одржи онлајн преку апликацијата ZOOM, со предлог на следниот

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

1. Одлука за давање на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар
за јавно здравје Битола потребни за ставање во фукнција на Микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД – 19 во насока на ефикасно, ефективно и навремено детектирање на пациентите со корона вирус.

„Врз основа на уредбата за примена на Законот за локална самоуправа за време на вонредната состојба, градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска побара свикување на вонредна седница на Советот на Општина Битола со предлог точка на дневен ред:
1. Донесување на Одлука за доделување на донација на финансиски средства на ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, потребни за адаптација и доопремување на микробиолошката лабораторија за молекуларна дијагностика на КОВИД-19.
Со адаптацијата и опремувањето на лабораторијата, ќе се овозможи тестирање за детекција на присуство на корона вирусот во молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола, со што би биле задоволени потребите на општината и Југозападниот регион на државата. На овој начин би се добило побрзо тестирање од досегашното, бидејќи сите тестови се работат во Скопје. Ги јакнеме капацитетите и за сегашно време и за идни потенцијални слични ситуации,“ информираат од Општина Битола.

GOLD
To Top