Новости

Битола инфо

Во сообраќајна несреќа повреден пешак во Битола

На 10.01.2019 година околу 07.30 часот на крстосница од улиците ,,Арон Ароести “ и ,,Минела Бабуковски“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која патничко возило ,,Мицубиши“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(36) од Крушево удрило во пешакот Х.Н (58) од Битола.

Од ударот Х.Н. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Битола, каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

 

GOLD
To Top