Новости

Битола инфо

Второ место за битолската екипа на Државниот натпревар „Детски семафор 2018“

Денеска во просториите на основното училиште „Војдан Чернодрински“ во Скопје се одржа Државниот натпревар „Детски семафор 2018“ за ученици од основните училишта во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. На натпреварот учество зедоа 15 екипи од скоро сите градови на државата со 90 учесници во машка и женска конкуренција. Натпреварот се состоеше од два дела: теоретски тест од познавање на сообраќајните правила и прописи, како и вешто возење на полигон со поставени пречки за совладување.

Битолската екипа забележа извонреден успех со освојување на второто место во екипна конкуренција.

Поединечно, Христијан Стојановски од ООУ „Д-р Трифун Пановски“ го освои третото место во малата група за момчиња (ученици на возраст од 10-12 години), а Евгенија Дамева од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ го освои второто место, исто така во малата група за девојчиња.

Организаторот на најдобрите им додели медали, пехари и вредни награди.

Состав на битолската екипа:

МАЛА ГРУПА

  1. ХРИСТИЈАН СТОЈАНОВСКИ – ООУ „Д-р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

  2. МАРКО ПЕТКОВСКИ – ООУ „Д-р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

  3. ЕВА АПОСТОЛОВСКА – ООУ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

  4. ЕВГЕНИЈА ДАМЕВА – ООУ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

ГОЛЕМА ГРУПА

  1. ДИМИТАР ЈОВАНОВСКИ – ООУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

  2. КАТЕРИНА ПЕТКОВСКА – ООУ „Д-р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

МЕНТОРИ

ИГОР НАУМОВСКИ – ООУ „Д-р ТРИФУН ПАНОВСКИ“

НАТАША ЛАВЧАНСКА – ООУ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

ВАЛЕНТИНА ПЕТРОВА – ООУ „ЃОРЃИ СУГАРЕВ“

ПЕПИ СТАВРЕВСКИ – ООУ  “Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ”

Евротип
Евротип
To Top