Новости

Битола инфо

Втор битолски новогодишен базар

Со поддршка од Oпштина Битола, по примерот на големите светски метрополи Ротари Клуб Битола Широк Сокак организира „Втор Битолски новогодишен базар” кој ќе се одржи на 21.12.2019. од 10-24 часот.

„Продолжуваме да пишуваме историја….

Годинава Ве очекуваме на еден поинаков базар каде покрај варено вино ,топла ракија и чај со рум ќе имаме и многу други изненадувања!

Нека повторно биде празник за НАШАТА БИТОЛА со музика што ја храни душата, а дружбата го храни срцето. Плоштадoт ,,Магнолија” нека биде местото каде ќе ја оживееме магијата на старите дружби на Широк Сокак, каде низ вековите се родиле многу љубови, многу пријателства и многу бизнис партнерства.
Сретнете се со школски другари, со сoседи од старатo маaлo, со соработници , роднини и пријатели на едно место…
На овој настан предвидено е да учествуваат компании и индивидуалци кои ќе ги изложуваат и продаваат своите производи.
Средствата кои ќе бидат собрани на овој настан по пат на спонзорства целосно ќе бидат насочени во нашите хуманитарни проекти. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!!!“, повикуваат од Ротари клуб Битола Широк Сокак.

GOLD
To Top