Новости

Битола инфо

Големи признанија за битолскиот ликовен уметник и педагог Панде Петровски

Во рамките на ОСТЕН ‐ Биеналето на цртеж Скопје 2016 кое заврши минатата недела, за прв пат беше промовирана мапа на цртежи односно портфлио на еден битолски уметник, битолскиот ликовен уметник и педагог Панде Петровски. Петровски вели дека ова портфолие е многу значајно за него и претставува големо признание.

15750074_10154838922474420_665848122_n_1000_563

-За мене е значајно признание кое излезе од моето учество на претходните биеналиња и можам да кажам дека е награда за сето тоа. Отпечатени се два примероци, со тоа влегуваме во музејот на уметници на ОСТЕН со сите привилегии за презентирање низ целиот свет. Најавена е уште една ваква мапа на цртежи, која ќе биде колективна. Од оргиналите ќе биде отворена и самостојна изложба. Самото портфолио го носи насловот „Метаморфози“, вакви цртежи работам на колониите и се доста забележителни. Излезена е во едиција на Светско културно богатство во чест на 70-годишнината од постоењето на Остен, вели Панде Петровски.

Покрај ова портфолиo, Петровски оваа година ја завршува со уште едно признание, а тоа е годишната наградата од Друштвото на ликовни уметници на Битола.

– На 23 декември ја добив наградата „Борислав Траиковски“ која ми е многу мила, зашто тој ми беше професор, а на друштвото ни беше првиот претседател. Оваа награда е обврска ДЛУБ да ми организира изложба идната година, а јас веќе можам да ја најавам дека ќе биде изложба на битолска стара архитектура, рече Петровски.

15749927_10154838922494420_1671387818_n_1000_563

Петровски исто така е член и на МНД Битола, кои му ја даваат својата логистички поддршка.

Евротип
Евротип
To Top