Новости

Битола инфо

Големо осветување на храмот „Света Лидија“ во Нова Битола

Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на  протоерејот-ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Златко Костовски, Кирил Трајковски, Димитар Михајловски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски и ѓаконите Ѓорѓи Делев, Златко Крстевски и Крсте Тасески, вчера извршија Големо осветување на храмот посветен на „Света Лидија“, во Битола. После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

„Оваа Света Црква е посветена на Света Лидија, која е првата христијанка во Македонија, на Балканот и во Европа. Света Лидија, е сетителка која што е од нашиот Македонски род. Светителка, која постанала светителка по Божјото благоволение, откако Светиот апостол Павле, кога бил во Троада, во денешна Турцја или Мала Азија, имал видение т.е. видел човек македонец, кој му пристстапим и му рекол: „Дојди кај нас во Македонија и помогни ни“ (сп. Дела 16, 9), зашто тогаш македонците не биле христијани.

Помошта ја барал македонецот, за да дојде Свети апостл Павле, да го просветли Македонскиот народ и да го напрви христијански народ. Некои од толкувачите на Светото Писмо велат дека тој Македонец, бил Ангелот на Мекедонскиот народ, кој посакал Македонија да биде христијанизирана земја, а народот христијанси.

Светиот апостол Павле, кој секогаш ги планирал Своите патувања, овој пат бил така да речеме затечен и почувстувал дека тоа не е негова желба, туку Божја промисла, па веданаш поверувал дека Господ го повикува да дојде во Македонија. Кога дошол во Македонија крај реката Зигакт во градот Филипи, кој го изградил Флип, таткото на Акександар Македонски, ете, кај реката каде што жените переле во саботен ден, како што е денес саботен ден, апостол Павле почнал да им проповеда, и една од тие жени, веднаш кога ги слушнала Божјите зборови т.е Евангелието, длабоко поверувала во тоа и Господ ја просветлил и таа веднаш рекла: „Ако ме сметате за верна, не смеете да го одминете мојот дом“. Па така ги поканила во својот дом да бидат нејзини гости, а нејзината куќата станала првата Црква, браќа и сестри, на Балканот, Европа и пошироко.

Ете, Светиот апостол Павле, кој никогаш не сакал да им досадува на верните, овој пат бил принуден да стане гостин на Света Лидија. Откако ја крстил неа и целото нејзино семејство, по тој настан практично почнува да се шири христјанството во Европа и пошироко.

Нејзната куќа, браќа и сестри, станала храм Божји, т.е. домашна Црква.

GOLD
To Top