Новости

Битола инфо

Голем успех за битолските спортисти на првенството во спортско качување во Мостар

Изминатиов викенд во Мостар, по 7 пат се одржа реномираниот Меморијал „Борис Трајковски “, во чест на нашиот трагично загинат претседател.

Спортистите од нашата земја, не само што присуствуваа, туку се закитија и со првите места на ова значајно отворено првенство во спортско качување – дисциплина Болдер, на кое учество зедоа повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска.

„Првото место во сениори, меѓу 89 учесници, го освои Битолчанецот Марио Минчевски од клубот „Вертикал“, а второто место – сениорки – го освои Битолчанката Наталија Ристевска, исто така од клубот „Вертикал“. Третото, пак, место во категорија Ветерани го освои претседателот на Спортско-качувачката федерација на Македонија, Владимир Трповски,“ истакна Горан Кузмановски, претседател на Спортско-качувачки клуб „Вертикал“ – Битола.

Тимот на МКД беше во состав на:

Владимир Трповски
Лазар Петковски
Марјан Киндалов
Влатко Деловски
Јован Иванов
Марио Минчевски
Ванчо Наунов
Виктор Трповски
Христијан Ивановски
Билјана Талевска
Наталија Ристевска
Кети Талевска

GOLD
To Top