Новости

Битола инфо

„Голем хуманитарен коледарски оган” во „СН Центар“

Утре, сабота 05.01.2019 година ќе се одржи „Голем хуманитарен коледарски оган” во кругот на новиот Технички преглед „СН Центар“ во организација на Евротип спортски обложувалници, Gold Slot Club, Стентон Градба, СН Центар, СН Осигурителен Брокер и СН Финансии.

Ќе има голем коледарски оган, греано вино и храна, а специјалниот гостин, Дедо Мраз, ќе подели 100 новогодишни пакетчиња на деца од социјален ризик и коледарски пакетчиња.

Организаторите на „Големиот хуманитарен коледарски оган” како општествено одговорни компании се трудат да ги израдуваат децата и притоа да се зачуваат традиционалните верски обичаи.

GOLD
To Top