Новости

Битола инфо

Гори ридот над населбата Баир во Битола

Денеска околу 12 часот избувна пожар на ридот во близина на манастирот „Свети 40 маченици“ во месноста Кркардаш.

Пожарот зафати трева која се наоѓа на ридот, а на терен има возило на противпожарната единица која се оби8дува да го изгасне пожарот.

Огнот полека стигна и од другата страна на ридот, под црквата „Свети Архангел Михаил“ каде жителите кои имаат куќи во близина будно го следат огнот за да не се прошири надолу.

Пожарот се приближи и до антените кои се наоѓаат на ридот.

 

СН Брокер
To Top