Новости

Битола инфо

Го онесвестил и го ограбил – прилепчанец ограби вевчанец во Бистрица

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ф. (26) oд Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 02.06.2017 година околу 03.00 часот, пријавениот во дворно место од куќа во с.Бистрица, битолско, користејќи физичка сила и подесен предмет, во пределот на половината го удрил Б.Д. (46) година од с.Вевчани. Откако истиот паднал на земја, пријавениот извршил пребарување и од предниот џеб на јакната на оштетениот одзел 150 евра и околу 3.700 денари во различни апоени. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Евротип
SNBROKER
To Top