Новости

Битола инфо

Градоначалничката Петровска одговараше на советнички прашања

Градоначалничката Наташа Петровска, денес на 12 – та седница на Советот на Општина Битола, одговори на повеќе советнички прашања.

На седницата беа одговорени прашањата во врска со динамиката на процесот на легализација на дивоградбите, мерките кои се се преземаат за решавање на проблемот со загадениот воздух, надминување на наталожените проблеми со ученичкиот превоз, како и за континуираните мерки кои се преземаат за подобрување на состојбата во воспитно – образовниот процес.

Одговарајќи на прашањата, поставени пред се, од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, градоначалничката Петровска посочи дека решавањето на наталожените проблеми, наследени од претходната општинска раководна гарнитура, одзема многу време и бара многу работа, но ниту во еден момент не се запоставуваат и плановите за во иднина.

Градоначалничката Петровска, меѓудругото нагласи дека за поставените, но и за сите други отворени прашања, сите информации на Општина Битола кои се од јавен карактер, се постојано достапни за јавноста и ја изрази подготвеноста за транспарентна и отворена дебата за сите проблеми, но и за планови за перспективите на Битола.

Студирајте на БАС
To Top