Новости

Битола инфо

„Градски паркинзи“ Битола заедно со Стентон градба го отстрануваат снегот од паркинзите

Големиот снежен бран кој ја зафати Битола деновиве направи снежна покривка која достигна над 40 сантиметри. Снегот го отежна сообраќајот, но и нормалното движење по улиците за пешаците.

Со цел на граѓаните да им се обезбеди безбедно да ги паркираат своите возила на паркинг местата низ градот, „Градски паркинзи“ Битола во соработка со Стентон Градба, со механизација деноноќно ги чистеа паркинзите во Битола и ја отстрануваа големата количина снег.

„И покрај тоа што проблем при отстранување ни претставуваат паркираните возила кои воопшто не се поместуваат, од наша страна секојдневно се организираат акции за отстранување на снегот од просторот кој е предвиден за паркирање, а го стопанисуваме ние“, истакнаа од „Градски паркинзи“ Битола.

 

GOLD
To Top