Новости

Битола инфо

Груевски: Граѓаните ќе кажат дали се согласуваат со начинот на кој СДСМ ги води овие избори

Овие избори се повеќе од локални избори. За прв пат во Македонија имаме Влада која на изборите беше поразена од народот. Но, потоа од некој друг беше составена и сега раководи со земјата, спротивно на волјата на народот, спротивно на интересите на овој народ во Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот во Битола.

–На овие избори, освен што Битола ќе може да го избере Зоран Илиоски за градоначалник и советниците, ќе се изјасни и за многу други работи кои се случуваат, ќе се изјасни и за начинот како се избра претседател на Парламентот. Сите знаеме како се избра претседател на Парламентот. На 15 октомври, битолчани ќе кажат дали се согласуваат со таков избор на претседател на Парламентот и таков избор на Влада, но и дали се согласуваат државата да ја води партијата која во Република Македонија беше поразена, порача Груевски.

–Паралелно со гласањето за градоначалници и советници, секој граѓанин на Битола ќе го каже своето мислење и за секојдневното демонстрирање на сила од новозалепената власт која ги загуби изборите, но ја составија. Граѓаните ќе кажат дали се согласуваат со начинот на кој СДСМ ги води овие избори. Имаме еден градоначалник со скршен череп, имаме кандидат за градоначалник кој беше третиран од полицијата како терорист со вперено оружје. Имавме пукање во западна Македонија меѓу кандидати за советници. На 10 кандидати им пуштија непостоечки кривични пријави. Тоа е демонстрирање на сила без правна основа, рече Груевски.

Стојам пред вас и ја очекувам вашата доверба да бидам меѓу вас прв меѓу еднаквите во извршувањето на најодговорната задача, да управувам со најградскиот град во Македонија, порача вечерва кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски.

Потенцира дека Битола го гледа како град на млади луѓе кои се убедени оти токму таму ќе ја градат својата иднина.

-Битола заслужува да биде град со сите урбани обележја во кој жителите нема да се грижат за кал и дупки на улиците, чиста и безбедна вода за пиење, соодветно депониран смет. Широк Сокак заслужува да биде посакувана дестинација на патници и туристи на кои треба да им покажеме што имала, што сочувала, но и што направила Битола. Битола мора да биде град на сите, нагласи Илиоски.

На митингот свое обраќање имаше и Борче Димитровски, носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

-За сите нас што живееме во Битола, ова е повеќе од град. Ова е нашиот дом. Тука се нашите семејства, соработници желби, амбиции за поубав живот. Голема е одговорноста што еден функционер ја носи кога одлучува за живеењето на сите останати. Имав можност тоа да го почувствувам во текот на седумте години во кои бев на чело на Центарот за култура Битола.  Горд сум што сум помогнал да се создадат убави спомени, но уште повеќе што сме го подигнале стандардот на квалитет на животот во Битола, истакна Димитровски.

GOLD
To Top