Новости

Битола инфо

Груевски денеска во Битола – ја посети болницата и стадионот

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски денеска беше во Битола. Најнапред беше во посета на битолската болница каде што заедно со техничкиот министер за здравство и пратеник, Никола Тодоров и директорот на болницата, Василе Најдовски зборуваа за реконструкцијата на болницата во кругот на установата.

Инаку директорот Најдовски, во изјава за Тв Телма потврди дека во болницата се наоѓаат истражителите на СЈО.

Груевски потоа го посети градскиот стадион под Тумбе Кафе каде градоначалникот на Битола, Владимир Талески рече дека со северната трибина која се гради ќе се исполнат стандардите за меѓународни натпревари. Талески рече дека тревата, осветлувањето и наводнувањето се од ФФМ во вредност од 800.000 евра плус двете трибини кои ќе ги гради ФФМ зад головите, додека за северната трибина од општината се издвоени 5.430.000 евра. Вкупниот капацитет на стадионот ќе биде 12.000 гледачи.

Како што вели Груевски, при разговор со претседателот на ФФМ му било речено дека работата од страна на Федерацијата треба да биде готова кон крајот на годината. Според Талески, пак, изградбата на северната трибина треба да биде готова исто така, кон крајот на годината, но потоа ќе се работи на ентериерот.

 

GOLD
To Top