Новости

Битола инфо

Двајца битолчани заработија кривични пријави за непочитување на полицискиот час

СВР Битола поднесе кривична пријава против Ј.И.(32) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 24.03.2020 во 22.00 часот полициски службеници го затекнале пријавениот како се движи по ул.„Илинденска“ во Битола, односно не постапил и не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против А.П.(30) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.03.2020 во 23.05 часот, полициски службеници го затекнале пријавениот, без дозвола за движење, кај бензинска пумпа на патот Прилеп – Битола, односно не се придржувал кон воведената мерка „полициски час“, со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението на Р.С.Македонија.

GOLD
To Top