Новости

Битола инфо

Контрола на СВР Битола: Двајца возачи исклучени од сообраќај, девет возеле без возачка

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 12 март извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло. При контролата, констатирано е дека девет возачи управувале возило без возачка дозвола, кај двајца возачи било утврдено присуство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Нерегистрирани биле четири возила,технички неисправни осум возила, појас не користеле двајца возачи и на мобилен телефон разговарале двајца возачи. Четири возачи се писмено опоменати , а изготвени се 39 мандатни платни налози и 26 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 25 прекршоци.

GOLD
To Top