Новости

Битола инфо

Два нови случаи во Битола: Првите припаѓаат на еден кластер, останатите три не се поврзани, вели д-р Коњановски

Во Битола се регистрирани два нови случаи во последните 24 часа во целата држава со што бројот на заболени од Ковид 19 сега изнесува вкупно 6. Министерот Филипче денес на прес конференција истакна дека се регистрирани нови 72 случаи во земјата.

Денеска исто така на својот Фејсбук профил, епидемиологот Центарот за јавно здравје, д-р Тони Коњановски напиша дека од сите 6 случаи во Битола, поврзани се првите три, додека останатите три не се поврзани меѓусебно.

„Од појавата на првиот позитивен случај на Kovid19, на 27.03. па се до денес во Битола се регистрирани вкупно 6 случаи, од кои првите 3 припаѓаат на еден кластер, а останатите 3 меѓусебно не се поврзани. Во изминатиов период на наше барање повеќе од 100 лица се ставени под здравствен надзор во замоизолација преку ДСЗИ и уште многу повеќе во самоизолација по основ на патување во странство и сл. Земени се примероци и тестирани се над 80 лица, најголем дел по епидемиолошки индикации а дел преку пунктот преку Мој Термин и матичните лекари. Во градот и околината во објектите на државните карантини, сместени се преку 150-тина наши сограѓани кои се вратиле во земјава со организирани транспорти“ соопшти д-р Тони Коњановски епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Упатува и апел до граѓаните да го сведат на минимум движењето и излегувањето од домот, што помалку „муабети“ непотребни групирања, поздравувања и да се чува потребната дистанца. Тој вели дека болеста не може да се спречи, но може да се намали брзината и начинот на ширењето.

„Значајно е она што ние Епидемиолозите го повторуваме, кривата на епидемијата да биде блага и развлечена како здравствениот систем би можел да ги апсорбира и прифати заболените. Тоа е многу битно како не би го “блокирале и затрупале” здравствениот систем со нагло зголемување и голем број на заболени во кратко време“ вели Д-р Коњановски.

GOLD
To Top