Новости

Битола инфо

Две лица од Битола изготвувале фиктивни приемници за пресечена дрвна маса

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Б.(60) и П.П.(55), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Во текот на 2017 пријавените, како вработени во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – подружница „Кајмакчалан“ Битола, изготвувале фиктивни приемници за пресечена дрвна маса, која не соодветствувала со реално пресечената дрвна маса, со што се создал кусок од 4.125 кубни метри огревно дрво.

GOLD
To Top