Новости

Битола инфо

Две лица повредени во сообраќајка во битолско

На 17.10.2018 година во 09,13 часот во Битола, пред раскрсницата за с.Остерц и с.Велушина во правец на с.Драгош, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Фабија“ со битолски регистерски таблици управувано од А.Л. (40) од Битола и патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистерски таблици управувано од Л.П. (37) од Битола.

Во незгодата А.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, додека Л.П. се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Битола.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top