Новости

Битола инфо

Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа во Битола

На 16.11.2018 година околу 20,50 часот во Битола на крстосницата од улица „Партизанска“ и крак од улица „Партизанска“ Н П.(35) од село Новаци управувајќи патничко моторно возило „Опел Корса“ со битолски регистарски ознаки удрил во пешаците Т.М.(73) и К.М.(71) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.М. и К.М.

На повредените им била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, по што се задржани на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.

GOLD
To Top