Новости

Битола инфо

„Девојчето со долгата коса“ – перформанс на Стефанија Милевска

Која сум, што сум, каде сум, каде треба да бидам…ова се дел од прашањата кои се поставуваат во перформансот „Девојчето со долгата коса“ на Стефанија Милевска. Во уникатниот простор на Магазата се одржа перформансот кој е спој на танц, музика и внатрешни мисли за надворешниот свет. Токму амбиентот на отворено го долови она што беше кажано преку музиката, танцот и текстот, за да се направи целосна визуелизација.

Во својот авторски соло перформанс, Стефанија во 5 етапи ја пренесува приказната за единката од дете па се до возрасна и свесна личност. Мислите кои го окупираат детскиот мозок и поинаквиот тек кој го добиваат во текот на животот. За себеспознавањето и како ние влијаеме прво врз нас самите, а потоа на сите околу нас….како да се откриеме овде на ова место, овде каде што живееме и во таа насока да се изградиме. Во оваа култура и во рамките на овој менталитет.

Перформансот е изработен по текст, режија, кореографија и идеја за музика на Стефанија, а за самиот перформанс е изработена оригинална авторска музика (Mark Purpose) и текст (Стефанија).

Евротип
Евротип
To Top