Новости

Битола инфо

Делови од Битола се уште немаат струја

Делови од градот после синоќешните интензивни врнежи од снег, се уште немаат струја. ЕВН со соопштение:

“Вчерашното невреме проследено со силни врнежи од снег предизвика одредени проблеми во снабдувањето со електрична енергија. Беа регистрирани неколку испади на среднонапонската мрежа во регионот на Битола, Прилеп, Маврово, Кичево и Охрид.

Поголемиот дел од дефектите се во регионот на Битола, претежно во планинскиот дел каде што прекините се предизвикани од кинење на проводниците од паднати дрва кои не можеле да ја издржат тежината на снежните наноси. Дефектите беа локализирани, тимовите на ЕВН за интервенција веднаш почнаа со работа на терен. Веќе се организирани дополнителни тимови од Струга и Охрид кои во тешко пристапниот терен работат за што побрзо отстранување на дефектите во планинските населени места во Битолскиот регион,” соопштуваат од ЕВН.

GOLD
GoldSlot
To Top