Новости

Битола инфо

Денеска планирано исклучување на Блок 3 во РЕК Битола

РЕК Битола ја информира јавноста дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блок 3. Планираното исклучување на постројката се прави заради отстранување на помал дефект, како и заради превентивна проверка со цел зајакнување на оперативноста на блокот.

Блок 3 ќе биде вратен во мрежа во следните неколку дена, а во меѓувреме РЕК Битола ќе

продолжи со континуирано производство на електрична енергија од Блок 1 и Блок 2.

Неработењето на Блок 3 ќе биде компензирано со другите производствени капацитети на АД ЕЛЕМ и ќе нема потреба од увоз на електрична енергија.

АД Електрани на Македонија во моментов произведуваат електрична енергија според планот и потребите на тарифните потрошувачи и сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.

GOLD
To Top