Новости

Битола инфо

Денеска студентски собир во Битола – против промена на името и законoт за употреба на јазиците

Денеска во 18 часот на плоштадот Магнолија во Битола ќе се одржи студентски собир со цел да го искажат својот револт кон преговорите кои се водат за името, но и против имплементацијата на законот за употреба на јазиците. Ги повикуваат сите студенти, средношколци, но и останатите граѓани кои се согласуваат со нивните ставови да присуствуваат на собирот.

„Ние младите за Македонија после Штип се креваме на нога и во Битола, на 16.04 (понеделник) во 18:00 часот, на Плоштад Магнолија ќе се одржи студентски собир.Ги покануваме сите студенти, средношколци, сите млади лица, просветни работници, интелектуалци, обични-необични граѓани да застанеме рамо до рамо и да кажеме НЕ на нашите политичари од Парламентот и гласно дека во наше име немаат право да го менуваат Уставното име на Република Македонија, немаат право да воведуваат двојазичност на цела територија на Република Македонија, немаат право да ја ревидираат македонската историја и немаат  право на никави уставни промени во наше име …“ овикуваат студентите од иницијативата „Млади за Македонија“.

Иницијативата „Млади за Македонија“ е формирана од образовани, храбри и некомпромитирани луѓе, студенти кај кои го има стремежот кон просперитет и општество управувано од слободните идеали кои не го потценуваат народот и не го нарушуваат достоинството на граѓанинот, велат студентите.

GOLD
To Top