Новости

Битола инфо

Денес промоција на збирката поезија „Креирај – слемирај“

Учесниците во рамки на проектот „Креирај – слемирај“ имаа можност да се запознаат со слемдвижењето кај нас и пошироко.
Проектот беше составен од три работилници низ кои учесниците се обучија за слем-поезија, имаа можност да настапуваат и да се натпреваруваат како слемери.
Во текот на работилниците учесниците имаат можност да:
 научат за значењето и употребата на слем поезија
 да го развијат креативниот потенцијал
 да работат на својот настап
 активно да учествуваат на натпреварот
 да учестуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна
Дел од темите кои се обработија во вид на слем-поезија беа:
– иселувањето на младите
– невработеноста кај младите
– влијанието на политичкиот систем
– семејството како вредност за младите
– љубовта
– социјалните медиуми и сл.

Исто така имаа можност да креираат своја творба и зедоа учество во завршниот настан „Натпревар за слем-поезија“.
Проектот насловен како „Креирај- Слемирај!“ е поддржан од страна на „Бит Фест 2018“ – Општина Битола.
Слем поезијата е одлична можност за младите да ги научат современите уметнички перформанси и да ги изразат своите стихови во вид на личен став со кои ќе поттикнат прашања во нашиот град.
Едукатори на работилниците беа Ана Гегова и Елена Богадновска.

Креативното изразување придонесе за зголемување на свеста кај младите по однос на проблемите со кои се соочуваат и креативна артикулација на истите преку споделување во својата заедница.
Учесниците имаа можност да се изразат креативно, да дебатираат на одредени фокус прашања и да создадат свое оригинално и авторско дело – поезија со која ќе се претстават на промоцијата на збирката поезија „Креирај – слемирај“ денес (14.09.2018 година – петок) со почеток во 12.30 часот во просториите на Библиотеката.

GOLD
To Top