Новости

Битола инфо

Денот на превенцијата одбележан во битолската полиција

Во просториите на СВР Битола денеска беше одбележан Денот на превенцијата во Полицијата 9 –ти декември. Во склоп на одбележувањето на 9-ти декември, Денот на превенцијата, на дечињата од градинките во Битола, основните училишта од градот, учениците од сообраќајните единици од основните и средните училишта, на претставниците од Црвениот Крст, општината, невладините организации, какои претседателките на Општинскиот и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, од страна на Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, им беше презентирана дел од опремата и возилата со кои располага полицијата. Исто така, присутните беа запознаени и со основните правила и прописи во сообраќајот, а им беше поделен и материјал со кој располага СВР Битола и се однесува на превентивните кампањи и активности кои се спроведуваат на ниво на Секторот.


Во обраќањето пред присутните, портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова потсети дека Отсекот за превенција, како посебна организациона единица, е формирана на 09 декември 2008 година, потпомогната од Мисијата на ОБСЕ и е произлезена од заложбите и настојувањата на полицијата да делува превентивно во служба на граѓаните. Поради тоа, денеска можеме да се пофалиме дека сме вклучени во многу активности и проекти кои даваат значаен придонес за поголема безбедност на граѓаните. За тоа зборуваат и статистичките податоци кои покажуваат намалување на криминалот, зачувување на јавниот ред и мир и зголемување на безбедноста во сообраќајот, истакна Стаматова.
Во обраќањето пред присутниите, претседателката на РСБСП – Гордана Кожуварова истакна дека Советот реализира голем број на кампањи меѓу кои во тек е зимската кампања, новогодишната кампања, а се уште трае и кампањата „Безбедно дете-безбедна иднина.“ Кожуварова, исто така, потенцираше дека Советот, секаде каде има можност, реализира едукативни предавања, а Отсекот за превенција безрезервно ги подржува и помага во нивна реализација.

GOLD
To Top