Новости

Битола инфо

Детали за вчерашната тешка сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

На 05.07.2019 година во 15,00 часот било пријавено дека на патот Битола-Прилеп пред Кукуречанска крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило Фургон „Цитроен Џампер“ со велешки регистарски ознаки управувано од И.Л.(37) од Богданци и влекач со седло „Даф“ со приколка со охридски регистарски ознаки управувано од Л.А.(59) од Охрид.

Во незгодата И.Л. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top