Новости

Битола инфо

Деца на возраст од 14 и 16 години неколку пати силувале 12-годишно дете во Битола

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 14 и 16 години, двајцата од Битола за сторени три кривични дела “полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. На 16/17.04.2018 година Битола на улица “Караорман”, во домот на првопријавениот, истиот извршил обљуба врз 12 годишно дете од Битола.

Во летниот период во 2017 година на паркинг-простор во Битола второпријавениот извршил обљуба врз 12 годишното дете. Исто така, во февруари 2018 година во Битола, второпријавениот извршил други полови дејствија врз истото дете.

GOLD
SN Finansii
To Top