Новости

Битола инфо

„Дипломатијата во Битола“ – утре изложба на Сашо Ставрев

Утре во 19 часот, во Центарот за култура во Битола ќе биде отворена фото изложбата на Сашо Ставрев, „Дипломатијата во Битола“.

Главна и основна задача на дипломатските претставништва им била да ги застапуваат економските, политичките и стратешките интереси на своите земји. Отворањетона дипломатските конзуларни претставништве во Битола и пошироко во Македонија било поврзано со ставот да се продира кон исток, посебно на големите западни сили, каде се вкрстосувале противречните економски, политичките и воено стратешките интереси.
Важноста на Битола особено почнала да се истакнува од 30-те години на 19-ти век кога станала седиште на големата административна област Румелија, односно најголемото административно и воено средиште во европскиот дел на Турција – Румелискиот вилает. За да обезбедат непосредно присуство и влијание во некои области, големите европски држави барале одобрение од Турција да отворат свои дипломатски претставништва (амбасади, конзулати, вицеконзулати и агенции).


Присуството на странските дипломатски претставништва во Битола значело присуство на Европа во овој град.
Ребрендирањето на конзулската традиција во Битола почнува на 25. 10. 1995-та год. кога е отворен Почесен конзулат на Р. Франција во овој град. Тогаш се возобновуваат темелите на конзулатите поставени во 1851 год.
Водени од Виенската конвенција за конзуларни односи, почесните конзули во Битола во овој период по независноста на државата, промовирајќи културна дипломатија овозможија да се врати конзулскиот сјај на градот.
Битола има оформен модел на јавна и културна дипломатија изразена преку почесните конзули во овој град и често именувана како конзулска дипломатија.

GOLD
To Top